Љубица Ристовска: „Шармот што го поседува Крива Паланка како мал град тешко се наоѓа во големите градови како Бостон“
Постои една поговорка која вели „Кога се сака, сè се може“, или „Упорноста секогаш се исплати“. Крива Паланка може да биде горда на своите сограѓани, особено оние младите, кои се трудат и се упорни да успеат. Една од нив и е нашата Љубица Ристовска, првата Македонка-докторанд по економски науки на Универзитетот Харвард, САД. Работи во областа на економијата, со специјализација по здравствена економија и економија на јавниот сектор
Иако е илјадници километри од родното место, разделена од своето семејство, пријатели, роднини, Љубица со многу емоции се сеќава на Крива Паланка. Таа вели дека токму и недостигаат дружбите, собрињата по повод родендени, празници, прослави, но и недостига преубава кривопаланла природа.
Вие/вашето семејство имате кривопаланечко потекло; кажете нинешто повеќе за вашите корени?
Секогаш со гордост и задоволство кажувамдека сум роденаи израсната во Крива Паланка, каде што го поминав детството и формативните години до мојата 18-годишна возраст, кога се преселив во САД за да го продолжам моето образование. Татко ми Зоран работеше за ЕВН Македонија (поранешно ЕСМ), а сега ужива во своите пензионерски денови. Мојата мајка Зорица со огромно задоволство и посветеностработи како професор по математика и информатика вогимназијата Ѓорче Петров. Родителите на татко ми, Љубица (која потекнуваше од село Кркља и чие име го носам) и Милан (по кој е именуван брат ми), кој иако по потекло е од прилепскиот крај, поголемиот дел од заедничкиот живот го поминаа во Крива Паланка. Родителите на мајка ми, Љубинка и Костадинживеат во Крива Паланка и исто така се од кривопаланечкиот крај, по потекло од село Луке.
На што најмногу се сеќавате од Крива Паланка, и кои емоции Ви се будат кога ќе спомне Вашето родно место?
Од раното детство најмногу се сеќавам на времето поминато во дворот на нашата куќа. Овој период беше исполнет со игра, како и трепет, возбуда, и игра со миленичињата што ги чувавме во тој период. Се сеќавам на неделниот излет до манастирот Св. Јоаким Осоговски и редовните летни прошетки низ градот, после кои одевме во слаткарницата за мала награда за успешно завршената прошетка.Се сеќавам на санкитешто ги влечевме со брат ми Милан по ливадите за да се лизгаме за време на снежните зимски денови, како и на летни авантури поминати во планина во посета на баба ми и дедо мина село. Неможама да не ја спомнамесенската традиција да се собереме со баба ми, дедо ми, родителите, тетка ми и тетин ми и неколку викенди да приготвуваме ајвар и друга зимница.Најскапоцените нешта во животот се луѓето што ги сакаме, местата кои што сме ги посетиле и сеќавањата што сме ги создале по патот, и ситемоисеќавања и спомени поврзани со Крива Паланка се исполнети со толку многу носталгија, љубов, и особено благодарност за прекрасните искуства и доживувања што ми беа пружени.
Како изгледаше Вашето детство во Крива Паланка, Вашите училишни денови?
Имав безгрижно, весело, и среќно детство исполнето со игри, љубопитност, и бескрајно читање на книги. Секоја недела ја замолував мајка ми на враќање од работа да отиде до градската библиотека и да земе уште некоја книга за да читам во моето слободно време. Голем дел од моето детство беше поминато во игра и дружење со брат ми Милан и моите братучеди Среќко, Милан, Биљана и Станче. Училишните денови поминати во ОУ Илинден беа возбудлив период во кој се чувствував толку мала а училиштето толку огромно и неистражено. Дел од раните училишни денови ги поминав спремајќи се за натпревари по математика. Тука се роди љубовта и љубопитноста кон математиката што понатаму ја развив во гимназијата.Од гимназиските денови се уште се воодушевувам на ригорозноста и знаењата што ни ги пренесуваа нашите професори во гимназијата. Беше неизмерно задоволство и привилегија да се изучува од секој наставник и професор и секој од нив заслужува огромно благодарам за нивната клучна и централна улога во образованието и обуката на толку многу млади кривопаланчани.
Кое беше Ваше омилено место каде го поминувавте вашето време; каде што се релаксиравте и се опуштавте?
Под сенка во дворот пред нашата куќа, со гости или со книга, како и манастирот, чиј што мир и тишина и тогаш и сега неизбежно ме вдахнува со сила, инспирација, и духовен мир.Во гимназија најмногу се чувствував опуштена и релаксирана кога бев ангажирана во некоја училишна активност. Уживав и во секоја вонучилишна активност во која што учествував, како одење на англиски и италијански, играорнаили кошарка.
Колку често доаѓате во Крива Паланка, и што прво правите кога ќе дојдете?
Се обидувам да дојдам секоја година. Првите деновиги поминувам со моето семејство уживајќи во секој миг поминат со моите родители, како и во свежо зготвениот превкусензелник, мекици, или кифлички. Неизбежно е и одењето пеш во манастирот, по кое секогаш следиедносилно кафе во ресторанот кај манастирот. Исто така секогаш наоѓаме време да се видиме со роднини, другари и другарки. Уживам во прошетките низ градот и секогаш по пат ќе се сретнам со пријатели, роднини или моите наставници/наставнички и професори/професорки со кои задолжително застанувам да се поздравам и да поразговарам.
Што е она кривопаланечко што ви недостига во Бостон?
Најмногу ми недостигаатдружењата и разговорите што може само да се доживеат при одење на гости и собирањето по повод славење на родендени, имендени, слави, празници. Во Бостон секој е презафатен така да тоа лежерно, бавно, и спокојно дружење тешко се наоѓа бидејќи секој брза за некаде. Исто така многу ми недостига близината до природата. Шармот што го поседува Крива Паланка како мал град многу тешко се наоѓа во големите градови како Бостон.
Која е вашата професија и кои се вашите моментални ангажмани?
Иако сум обучена по економија и компјутерски науки на Велзли Колеџ(Wellesley College) во САД, сега се занимавам исклучително со економија, со специјализација по здравствена економија и економијата на јавниот сектор. Во моментов сум докторанд по економски науки на Универзитетот Харвард (Harvard University), и според неофицијални извори сум првата Македонкашто студира за докторат по економија на Харвард. Имам огромна чест да соработувам и изучувам од светски експерти и реномирани професори по економија и да студирам со одлични колеги кои се на пат да станат идни глобално реномирани економисти. Од Харвард исто магистрирав по економија и тука работам и како асистент и истражувач. Пред да го започнам докторатот работев како консултант-аналитичар за фармацевтски компании и како истражувач на реномираните универзитети Стенфорд (Stanford) и Јејл (Yale).Секое мое професионално и лично достигнување се должи на љубовта, охрабрувањето и поддршката на моите родители, брат ми, и остатокот од моето семејство, за што неизмерносум им благодарна.
Што зборувате од срце за Крива Паланка и по што ја препорачувате на Вашите пријатели?
Секогаш со возбуда, радост, и од срце раскажувам за Крива Паланка на моите пријатели, колеги и професори. Раскажувам за интегритетот и вредностите што ги вгнездуваме во нашите млади. Раскажувам колку се чувствувам привилегирана што имав можност да израснам во планинско градче, со ненарушен мир и спокој. Раскажувам за блискоста што ја делиме ние кривопаланчани, дури и ако не се познаваме. Раскажувам за храната, колку е вкусна, здрава и зготвена од срце.
Одржувате ли контакти со другарките/ другарите од Крива Паланка?
Да, со сите пријатели од детството и гимназиските денови сум во контакт и задолжително се среќаваме и дружиме кога доаѓам во Крива Паланка. Исто така на неколку места каде што имам живеано во САД се имам запознаено и зближено со кривопаланчани со кои не сум се видела од дете или за прв пат се имаме запознаено.
Кој е Вашиот совет до идните млади генерации на Крива Паланка?
На сите млади луѓе во Крива Паланка, особено до младите девојки, им препорачувам да бидат храбри и самоуверени, да веруваат во своите способности и да учествуваат во сите училишни и вонучилишни активности што им се пружат. Секоја активност е нова можност да се научи нешто ново, да се усоврши нешто постоечко, да се дојде поблиску до поставена желба или цел. Самодовербата и храброста само ќе ги истакнат талентот и трудољубивоста што сум сигурна многу млади паланчани и паланчанки веќе ги поседуваат.
Би се вратиле ли во догледно време повторно во вашата татковина и што би работеле, дали нешто во родниот град би сакале да се ангажирате некогаш?За крај, што би направиле за Крива Паланка за да оставите траен белег за идните генерации?
Размислувам и сум заинтересирана за истражувачка дејност во Македонија, особено во мојата специјалност здравствена економија и јавна политика и се надевам дека ќе добијам можност да работам во тоа поле во наредните години. Во Крива Паланка би сакала да видам повеќе инвестиции во практичното искуство како дел од образованието, особено во природните науки. Иако темелноизучувавме биологија, хемија, и физика, немавме многу опрема и лаборатории за практично изучување и експериментирање во овие науки. Но, надвор од сите физички белези, би сакала мојот траен белег да остане сознанието дека секој млад човек од мал град како нашиот со заинтересираност, труд, посветеност и работа може да се образува на најдобрите универзитети во светот.