МЕЃУНАРОДНА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ"

Оваа колонија е единствена по повеќе работи. Освен што се издвојува по тоа што се реализира во самио

08 Jun 2020

Во повеќе од три децениското постоење Меѓународната ликовна колонија ,,Свети Јоаким Осоговски" се претвори во култно место за инспирација и ликовно изразување на многу генерации видни сликари од земјата и од странство. Иницијатори за нејзино основање се професорот Петар Мазев, Јордан Михајловски култен деец и академските сликари: Димитар Стојчевски, Никола Иванов-Балтон и Златко Стефанов поп Иванов.

Со заживување на ликовната колонија се возобновува повеќевековната традиција на манастирот да функционира како културен, едукативен и духовен центар за овие простори. На колонијата твореле над 300 уметници од Париз, Цирих, Женева, Каиро, Истамбул, Токио, Билмингтон, Софија, Нирнберг, Москва и други. Вредните дела создадени на Ликовната колонија се наоѓаат во две ликовни збирки во НУ Центарот за Култура Крива Паланка и манастирот Св. Јоаким Осоговски. 

Традиционално секоја година започнува на 5-ти септември, а завршува со групна изложба на учесниците на колонијата.

Организатор: Здружение МЛК Св.Јоаким Осоговски.