МУЗЕЈ НА ГРАД КРИВА ПАЛАНКА- ЛУ ГРАДСКИ МУЗЕЈ

ГРАДСКИ МУЗЕЈ- КРИВА ПАЛАНКА

02 Jun 2020

Музејот на градот Крива Паланка е основан во 2011 година од општината Крива Паланка и има статус на локална институција. Музејот се грижи за движното и за недвижното културно наследство во регионот, поточно дејствува на територијата на општина Крива Паланка и на територијата на општина Ранковци. Комплексниот карактер на музејот се согледува во тематиката за студиска музеолошка обработка, а тоа се - етнологијата, археологијата, историјата, нумизматиката, историјата на уметност и техничка култура на кривопаланечкиот крај. Постојаната историска изложба содржи елементи што го отслкуваат историскиот, економскиот и социјалниот развој на градот со истакнување значајни историски настани ( Карпошово востание, ајдутското движење, Револуционерната организација во Крива Паланка, црковно-училишната општина, просветителството...) и личности.

Постојаната етнолошка староградска поставка го отсликува градскиот живот на градот Крива Паланка од крајот на 19 и од првата половина на 20 век претставен со старата чаршија и занаетите во неа- терзиски, грнчарски, фотографски, ковачки,трговски...

Во етнолошката поставка застапени се и културата и обичаите на националностите во градот ( Ромите), кои сочинуваат 3% од вкупниот број на населението во Крива Паланка. Во постојаната археолошка поставка со артефакти се претставени археолошките локалитети во кривопаланечкиот регио. Во негова надлежност се следните археолошки локалитети од праисторијата до средниот век : Блидеж, с.Вражогрнци; Мал Камлеш- с.Ранковци Могила- с. Отошница Градиште, с.Опила,месност Чифлик Чифличиште, с.Опила (населба од доцноантички период) Драки,с.Љубинви (некропола од доцноантички период) Ровине,с.Псача ( населба и некропола од доцноантички период)

Градската галерија (2013) е истотака дел од институцијата и во ена се организираат повремени тематски изложби. Освен придружен печатен материјал за привремените изложби, Музејот издава и стручни публикации