Целта на манифестацијата „Шопска софра“ е да се сочува локалното гастрономско богатство. Во таа смисла посебна грижа се води за документирање на традиционалните рецепти и усвојување од страна на помладите генерации на кулинарски вештинина подготовка на традиционални јадења од Осоговијата и пошироко од Шопскиот регион(кон кој гравитираат и делови од Бугарија и Србија).
Времето на одржувањето на манифестацијара се совпаѓа со чествувањето на празникот на градот 8-ми Октомври денот на ослободување на Крива Паланка, па така бројни делегации од збратимените градови и гости можат да ги вкусат оригиналните гастрономски специјалитети како што се„Кривопаланечки симит“, „Сарамсаклија“, Паланечка пастрамајлија“ и многу други.