Планинскиот Туристички Центар„КАЛИН КАМЕН” се наоѓа на 10 km југоисточно од Крива Паланка, над манастирот Св.Јоаким Осоговски. Во централниот дел на центарот во месноста Ловачка колѝба се изградени места за одмор и рекреација, мал спортски терен со детски реквизити, како и планинарски и ловни објекти за сместување на мали туристички групи.
Местото е пријатно за рекреативни активности, прошетки до познатите места околу контакната зона на центарот како што се врвот Калин Камен, езерата на Калин Камен, месноста Влашки колиби и Влашка мандра, како и врвот Царев врв (врвот е втор по височина врв на Осоговските планини. Висината му е 2085м. На овој врв е лоциран мошне атрактивен архитектонски објект, за жал не заштитен, кој што своевремено (во времето на Кралството Југославија) бил изграден како гранична караула). Сите овие локалитети кои ја збогатуваат содржината и ја подобруваат атрактивноста на плоштадот за престој и посета.
Во рамките на центарот се изградени и неколку приватни викендици, додека според Студијата за развој на локалитетот Калин Камен и Генералниот урбаинистички план предвидени се локации за изградба на хотели, инфраструктура за ски спортови и придружни содржини. Во близина на центарот се наоѓа селото Б’с каде сеуште можат да се видат и почуствуваат живите форми на народната култура, како и да се вкусат традиционалните јадења на овој крај.
Низ локалитетот поминува Планинарската патека Мотел Македонија – врв Калин Камен во должина од која има попатна станица во центарот.
До центарот води асфалтен пат во должина од 10 км кој проаѓа низ него и води до локалитетот езеро Калин Камен.