Меѓународниот Фолклорен Фестивал „Свети Јоаким Осоговски" се одржува традиционално секоја година во последната недела на месец Август. На фестивалот учествуваат ансамбли од странство и општини со кои Крива Паланка има воспоставено пријателски односи, како и домашни реномирани ансамбли. Се зачувува и истовремено, се популаризира изворниот фолклор, богатата традиција и култура низ сплетот на народните ора и песни кои секогаш биле и ќе бидат една од најважните врски меѓу блиските народи. Фестивалот оваа 2020 година ќе го одбележи 16-тото по ред издание на Меѓународниот Фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски".