ТРАДИЦИОНАЛНА ПРОСЛАВА НА БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Чествувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици започнува со света божествена литу

08 Jun 2020

Традиционалното прославување на ,,Водици" (Богојавление) е поврзано со деност на крштевањето на Исус во водите на реката Јордан. Ова христијанска традиција е посветена на светата тајна- крштевањето со која човекот влегува во верата, затоа на тој ден се спуштаат (фрлаат) свети крстови во реките и езерата а според верувањата оние кои што први ќе го фатат светиот крст ќе ги следи чична среќа и напредок во семејството. 

Лицето кое ќе го фати крстот во водите на Крива Река од страна на организаторот, општина Крива Паланка и од спонзорите добива вредни награди. Потоа ,,среќникот" со своите другари ги посетува сите населби во градот за да пренесе благослов во домовите на своите сограѓани.

На ,,Водици" се послужуваат топли напитоци и пивтии. Манифестацијата започнува со свечена литургија во цркавата св.Димитрија, потоа сите се упатуваат кон водите на Крива Река (Шанин Мост) , плато пред Градскиот Музеј и градскиот плоштад. Секоја година ,,Водици" се одржува на 19-ти Јануари во 9 часот.