СЕЛО СТАНЦИ И ДУРАЧКА РЕКА

Селата Станци и Дурачка река се наоѓа на 7 км источно од Крива Паланка во полите на Осоговските пла

06 Jun 2020

Селата Станци и Дурачка река се наоѓа на 7 км источно  од Крива Паланка во полите на Осоговските планини. Двете села претставуваа своевиден интересен туристички комплекс. Во нив по течението на Дурачка Река која во горниот дел го носи името Станечка Река се наоѓаат повеќе воденини и валавици. Истите се остаток од некохашното силно народно стопанство кое било застапено во овие две села, и кое ссе однеусвало на преработка (мелење) на житни култури и обработка (валавење) на волнени ткаеници.   

Во централниот дел на село Станци  Старото училиште под ингеренции на ИО „Наум Наумовски Борче“, кој што нуди услови за сместување на гости. Во селот Станци се наоѓа и приватен угостителско – трговски објект каде гостите можат да дегустираат традиционални јадења, приготвени на традиционален начин.

Составен дел на оваа туристичка дестинација се природната реткост Станечки водопади лоцирани на Козја река десна притока на Станечка река до кои води уредена туристичка патека.  Во селото Станци започнува планинарската патека Станци – Калин Камен – Царев Врв.

Во централниот дел на село Дурачка река се наоѓа познатиот ресторан „Воденица“ со места за престој на гости во пријатната атмосфера покрај Дурачка река каде гостите можат да дегустираат традиционални јадења, приготвени на традиционален начин. До него се наоѓа сместувачкиот капацитет „Вила Марија“ кој нуди услови за сместување и престој на гости. 

Релјефот во селата е нерамен со многу долини и ровини. Земјиштето изобилува со букови шуми, води и водотеци

Местото е пријатно за рекреативни активности, прошетки до познатите места околу контакната зона на двете села како и до месностите Манастирска ливада, Бачевиште и Козја река во с. Станци како и Метов, Бачевиште и Бела вода во с. Дурачка река. Во село Станци во месец се одржуваа големи селски собори на Младенци и Духови, додека во село Дурачка река се одржува собор на Духови и Св. Јован.