ЦРКВА СВЕТИ НИКОЛА – С. ГРАДЕЦ

Црквата „Свети Никола“ е изградена во 1857 год. и претставува еднокорабна градба со отворен трем на

06 Jun 2020

Црквата „Свети Никола“ е изградена во 1857 год. и претставува еднокорабна градба со отворен трем на западната и делумно на јужната страна во чие продолжение е доградена затворена трпезарија. Во внатрешноста на црквата има столбови што постигнуваат да се добие облик на трикорабна диспозиција, а таванот е рамен со слепи куполи. Живописот е изработен во 1876 год. од мајсторот Георги Јереј, а денес е зачуван само во нишата на проскомидијата каде што е претставена сцената „Симнувањето од крстот”. Во црквата е зачуван и иконостас од дрво, со царски двери, со плитка резба и со позлата. Сочувана е вкупно 51 икона. На иконата на Св. Ѓорѓи има запис со што се претпоставува дека тие биле изработени во 1869 год. од Евгениј Кузмановиќ од Дебар.

Над цркавата во ридот има пештера што била испосница на светецот Јоаким Осоговски, кој се подвигувал  на ова место во втората половина на XI век пред да се премести во месноста Бабин Дол каде што се наоѓа манастирот „Свети Јоаким Осоговски“.