Невестинско поклонение „Свети Теодор Тирон“

Невестинско поклонение е културна манифестација која ја сублимира народната традиција и обичаи поврз

08 Jun 2020

Уникатната манифестација е инспирирана од послесвадбен обичај кој се практикувал за време на народниот собор пред црквата св.Теодор - Тирон до 1977 година кога обичајот е зелосно замрен. По иницијатива на Стојанче Величковски, 33 години подоцна, обичајот е возобновен во атрактивна културна манифестација од национален интерес која се одржува секоја година  во кривопаланечко  село Конопница, ден по тодорова сабота (втората половина на февруари или почеток на марат - во првиот викенд од велигденските пости).

Право на учество на манифестацијата имаат сите млади невести кои склучиле брак помеѓу двете тодорови саботи, но под еден услов да учествуваат на манифестацијата заедно со своите свекрви облечени во народни носии. Обичајот започнува со дотерување на носиите за поклонение на младите невести пред нивиот заштитник св. Теодор - Тирон, потоа невестите ги добиваат свечените поклоненички марами од идејниот творец на манифестацијата и со звукот на камбаната свечената поворка во парови снаи-свекрви со тактот на музиката  придружба од изворни народни инструменти се упатува кон влезот на црквата, изведувајќи го ритуалот на поклонението. Потоа сите млади невести влегуваат во црквата каде што добиваат благослов за среќа , пород и слога во семејството од свештенослужителите на МПЦ. Покровител на манифестацијата градоначалникот на Крива Паланка им дарува букети свежо цвеќе , а потоа невестинското оро, водосветот и заеднички ручек.

Манифестацијата е масновно посетена од 2000 до 3000 добронамерници, а досега веќе учествувале стотина парови снаи и свекрви од земјата а од 2019 година и од странство. Особен интерес предизвикува учеството на снаите  и свекрвите од познатите Пијанечка, Шопска и Галичка Свадба.

Покровител на манифестацијата е Општина Крива Паланка, а организатор е РЗР Патник, со поддршка на Месната заедница, НУ Центар за Култура Крива Паланка и ЛУ Градски Музеј Крива Паланка.

 

 

Меѓународен конкурс за карикатура„Невестинско поклонение“

 

Оваа културна манифестација преставува значаен културен афирматор во Република Македонја на глобално ниво затоа што на конкурсот пристигнуваат 500 дела од светски реномирани автори од повеќе од 70 земји во светот од сите континенти. Збирката од 100 најдобри дела од досега реализираните конкурси се претставени во Крива Паланка, Куманово, Скопје, Кратоово, Пробиштип, Шумен и Тополовград во Р.Бугарија, а има побарувања за изложби во Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

Манифестацијата е авторски проект на Стојанче Величковски.