Што да одберете?!

01 Jan 2020

Крива Паланка е препознатлива по вкусовите и традицијата...по мајсторството и домаќинлукот и уметност. Токму поради тоа, кога ќе дојдете тука ОДБЕРЕТЕ:

ТРАДИЦИОНАЛНА И ОРГАНСКА ХРАНА

Побарајте ги локалните производители на мед, од чист планински багремов цвет или ливадски.

Ацо Павловски 070 272-883 и Милош Славковиќ, 078 375-974

Побарајте ги производителите на органски slow-food прозиводи: сокови, слатко од планински капинки, малинки, јаготки, цреши, шумски полдови набрани во даровитата Осоговска планина.

Катица Борисовска 077 581 506

Побарајте ги вештите домаќинки кои ги имаат рецептите на највкусните традиционални готвени, солени и благи јадења од Кривопаланечко, ракотворците на плетени производи од волнен конец од Клубот на пензионерки „Достоинствен живот“ при ОО на Црвен крст, Крива Паланка

Дарко Пешовски 070 272 211

УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ОД АКАДЕМСКИ СЛИКАРИ

Одберете уметничко дело од неприкосновените академски сликари од градот, скулптори.Одберете  креативно уметничко дело и сочувајте го во вашата приватна колекција или подарете го на драги луѓе.

Роберт Цветковски  072 314 836 ,   Нела Јанковска     070 216 660

Пепица Стојчевска 077 500 532,   Димитар Стојчкевски 070 397 983

РАКОТВОРБИ

Понесете со себе одбрана уникатна изработка од дрво во техника-пирографија: икона, црква, манастир, тајната вечера.

Младен Димитровски 078 410 163 и 070 282 205

Одберете резба од неприкосновените вешти раце на познатиот резбар.

Раде  Костовски  070 496 333

Дела од уметност во техника декупаж и сликање на стакло и порцелан.

Оливера Станковска 071 223 385

Изработки во  квилинг-техника, необични и креативни.

Фросина Стојчевска 076 370 337

Ваше е само да ја погледнете широката палета изработки и да одберете што ќе Ве освои на прв поглед.