МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА СТАРОГРАСКИ ПЕСНИ

Целта на културната манифестација „Осоговска староградска вечер" е да ги негува богатите традиции и

08 Jun 2020

Целта на културната манифестација „Осоговска староградска вечер" е да ги негува богатите традиции и односот на кривопаланчани кон староградската песна олицетворени во возобновениот староградски хор ,,Распеани Кривопаланчани". На манифестацијата гостуваат староградски хорови и музички групи од земјата и од странство. Со свои изведби досега на манифестацијата настапиле староградските хорови од Берово, Делчево, Радовиш , Штип, Свети Николе, Гевгелија и други градови. Место на одржување на манифестацијата - плоштад „Карпошово востание" (пред зградата на општината). Организатор на манифестацијата е Здружението ,,Распеани Кривопаланчани" со подршка на Општина Крива Паланка.