ИСПОСНИЦА НА СВ.ЈОАКИМ- се наоѓа на 7 km северно од Крива Паланка во атарот на с.Градец. Според легендата на ова место се подвигувал нашиот светец Јоаким Осоговски,пред да се премести во месноста Бабин Дол, каде што денес се наоѓа археолошкиот локалите Градиште со остатоци од доцна антика и среден век. Денеска овој локалитет претставува уредна дестинација за посета на туристи и пригодно место за организација на одредени културни активности во природа. Исто така во селото се наоѓа Црквата Св.Никола од XIX век,а во нејзина близина се наоѓа старото училиште кое што е преадаптирано за сместување на туристи.