Манастир свети Јоаким Осоговски, духовно светилиште од 11 век и рај на природата
Ако патот ве носи накај Крива Паланка, во кој било ден или доба од годината, неодминлива дестинација за уживање во благодатите на раскошната природа , во пазувите на столетната дабова шума на Осоговската Планина е вековното духовно светилиште, манастирскиот комплекс свети Јоаким Осоговски.
Лоциран е на околу два километри од центарот на Крива Паланка, до него водат два асфалтирани патни правци, a од каде и да тргнете, одмориштата со видиковци од каде ќе ја набљудувате панорамата на градот се попатни станици во прекрасната природа.
До манастирот ќе ве води „звукот на тишината“, кој е еднаков на оној со кој капката утринска роса се слизнува од оросените планински цвеќа во близина.
Историјата на манастирот започнува со доаѓањето на свети Јоаким Осоговски овде, на овие простори, и како што се вели во неговото житие: „Дојде како ѕвезда, многу светла, ос запад, кон исток“. Животот го поминал во бдение, пост и молитва, а се упокоил во 1105-та година, а педесет години по неговата смрт, еден свештеник по име Теофан, воден од светиот дух дошол од Овче Поле за да ги извади моштите и ги наоѓа моштите. Тој, воедно, е и градител на малата црква сега псоветена на Рождество на Пресвета Богородица.
Подоцна, откако се појавила потреба за изградба на поголема манастирска црква, Хаџи-Стефан Белички, богат трговец од Крива Паланка, дошол и започнал со изградба на големата манастирска црква посветена на Свети Јоаким.
Манастирот е граден во периодот 1847 до 1851 година. Моштите на светецот се сохранети тука, а ги пронашол монахот Теофан и биле положени во саркофаг, каде и ден денес се наоѓаат, во внатрешноста на манастирот.
Во рамки на манастирскиот комплекс се наоѓа и крстилница, каде се крштеваат дечиња.
Бројни верници од сите краеви на Македонија , Балканот, Европа и светот, доаѓаат во посета на овој манастирски комплекс кој е духовен рај, а светите мошти на св. Јоаким Осоговски, се место каде некои од верниците одлучуваат и по малку да преспијат, верувајќи дека им носи благослов, благодат, здравје, мир и спокој.
Во текот на целата година, река посетители се слева во манастирот, од Соединетите Американски држави, преку оние од Бразил, Финска, Шведска, Шпанија, Франција, Словенија, Холандија. Некои се восхитуваат на природата и благодатите, други на сакралноста на секој камен вѕидан во конаците, црквите, во портите и капиите, во ѕидините, трети- едноставно го впиваат секој атом кислород на воздухот кој има неверојатна, благопријатна по здравјето, свежина на 800 метри надморска височина.
Манастирот е особено свечен во екот на празнувањата на големите христијански празници кога се чествуваат патроните на храмовите, 28-ми август, успение на Пресвета Богородица и 29-ти август, св.Јоаким Осоговски.
Во овие денови се одржува голем црковно-народен собир на 28-ми вечерта, кога за сите посетители, верници и добронамерници можат да го посетат и стариот манастирски конак каде се служат вечера и појадок, а во двата дена се служат свети литургии од страна на свештенослужителите на МПЦ-ОА, Кумановско –Осоговска епархија.
Во костурница, која се наоѓа покрај манастирот, пак, се положени над двесте мошти од монасите од постоењето на манастирот до денес, единствена костурница од ваков тип во РС Македонија, која има собрано толку многу мошти од монаси, од различни периоди. Моштите се извадени од дупка на длабочина од 7,5 до 1о метри длабочина, есхумирани се и положени во обновената костурница, која е и ново-фрескоживописана. Покрај мошти, пронајдени се и други материјали, разни крстови, богослужбени предмети и друго, кои се делумно сочувани во првобитната форма.
Во кругот на манастирот се наоѓа и хотел „Манастир“ каде во текот на целата година, без оглед на годишното време и период, постојано доаѓаат туристи.
Од манастирот можете да го посетите и туристичкиот локалитет Калин Камен, бидејќи патот до него продолжува од манастирот кон Осоговските пејзажи, а ваше е дали ќе одлучите тоа да го сторите пеш, со велосипед, или со автомобил.
Топло ви препорачуваме, кога и да одлучите да поминете еден убав, обичен или празничен ден, викенд или одмор, не пропуштајте да бидете и вие дел од оние кои не штедат зборови во пренесување на сопственото позитивно искуство поминато овде, во парчето рај на земјата, на Македонско, Кривопаланечко тло, на битот од каде се започнува, вербата во Бога и љубовта, кон природата и човештвото.