Што да купите. Кога сте веќе во Крива Паланка ви препорачуваме да прошетате низ Кривопаленечката чаршија, да влезете во паланечките дуќани, продавнички и сувенирници и нурнете во морето од продукти кои го преставуваат македонското поднебје на кривопаланечкиот крај.
Ако сакате да понесете дел од вкусовите на градот купете паланечки симит и не заборавајте од дуќанчињата са си купите македонски ајвар и таан алва. Љубителите на добрата голтка можат да купат Манастирска ракија или Манастирско вино во продавницата за сувенири во манастирот.
Ако сакате да понесете спомен од градот на располагање се двете сувенирници, едната во Градскиот музеј и другата во Манастирот Св. Јоаким Осоговски. Тие располагаат со богат асосртиман разгледници, магнети, рачни изработки, книги ( од роднокрајни автори од Крива Паланка) и други и слични продукти што ќе ве потсетуваат на вашиот престој во Крива Паланка и на убавите спомени оттука.