ЦРКВА СВЕТИ НИКОЛА – С. ПСАЧА

Градбата на храмот припаѓа на посебен тип на византиски стил кој на овие простори се појавил во врем

21 Jul 2020

Во времето на српската средновековна држава значаен центар во Кривопаланечко била Псача, што е потврдено со историските извори од XIV век. Во времето на цар Душан со жупата Славиште управувал властелинот Влатко, кој ја имал титулата севастократор. Тој и неговиот татко, кнезот Паскач, се јавуваат како ктитори на црквата Св. Никола во с.Псача. во повелбата на царот Стефан Душан, од 25 март 1358 година, е наведено дека властелинот Влатко како задужбина на манастирот Хилендар ја подарил црквата Св.Никола. доказите за ова се наоѓаат во самата црква, поточно во нејзиниот живопис. Сочувани се фрески со портретите на ктиторите, севастократот Влатко и кнезот Паскач со нивните семејства (јужен ѕид) и царот Урош и Кралот Волкашин (северен ѕид). Според повелбата и живописот, утврдео е дека црквата е изградена околу 1358 година, а живописот з авреме на царот Урош, после 1366 година, т.е. кога Волкашин станал крал.

Градбата на храмот припаѓа на посебен тип на византиски стил кој на овие простори се појавил во времето на цар Душан и се задржал некаде до 1380 година. Тоа е градба со две куполи на столпци, со богата живописна фасада од камен, преполна со шари од тула, оживеани со лизени и архиволти. Основата е во форма на впишан крст во правоаголен простор, продолжен кон запад со припрата, која не е јасно издвоена ос наосот. Од двете кубиња останало само помалото, се срушило во периодот на турското владеење, кога црквата била целосно запуштена, а подоцна не било обновено. Олтарната апсида однадвор е тространа, со сочуван оригинален венец од тула.

Живописот (1366-1371) спаѓа во редот на најдобрите зографски остварувања од сликарство во XIV век. Посебно се истакнуват портретите на ктиторите со нивните семејства насликани во долната зона на јужниот ѕид од припратата:кнегињата Озра, кнезо Паскач, помеѓу кнегињата Озра и кнезот Паскач е помалиот влатков син Углеша, севастократор Влатко, севастократорка Владислава со најмалото дете Стефан. Кнезот Паскач и севастократорот Влатко во рацете држат модел на вокуполна црква која ја принесуваат на Св. Никола чија икона е насликана над нив. Во долната зона на северниот ѕид од припратната се претставени: царица Елена, цар Константин, цар Урош и крал Волкашин.

Орнаментиката во црквата која е обилно застапена, потсетува на орнаментите во илустрираните ракописни книги. Најчестата комбинација на бои е: жолто, сино и црвено. Најзастапен е орнаментот во облик на ленти или линии во цик-цак движење.