МЕЃУНАРОДЕН ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ „СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“

Општина Крива Паланка во соработка сo Центарот за култура, во рамките на своите програмски определби

08 Jun 2020

Оваа реномирана културна манифестација има реализирано 11 фестивалски изданија со над 100 одиграни драмски претстави на реномирани театарски центри на Балканот како што се Винковци (Хрватска), Белград, Лесковац, Вршац (Србија), Никшиќ (Црна Гора), Сараево, Тузла, Бања Лука (Босна и Херцеговина) , Дупница, Ќустендил, Враца (Бугарија) како и домашни театри од Скопје, Прилеп, Штип, Охрид, Куманово, Велес и дргуи.

Фестивалот има ревијален карактер, секоја година прогласува лауреат за животно дело  а се реализира во првата декада на октомври. Претставите се играат во Центарот за култура Крива Паланка.

Организатор: Општина Крива Паланка

Лауреати МТФ „Св. Јоаким Осоговски"

2009 Милица Стојановска

2010 Зафир Хаџиманов

2011 Шенка Колозова

2012 Петар Темелковски

2013 Страшко Милошевски

2014 Мето Јовановски

2015 Јордан Плевнеш

2016 Јелена Жугиќ

2017 Гоце Ристовски

2018 Благоја Чоревски

2019 Коле Ангеловски