Со организираното прославување на Бадник кривопаланчани ги негуваат обичаите и народните традиции поврзани со божиќните бдеења во пресрет на христовото раѓање - Божиќ.
Место на одржување - Градски плоштад Крива Паланка.
Манифестацијата вообичаено започнува во попладневните часови на 6ти Јануари. Во присуство на свештенослужителите од МПЦ се врши примопредавање на кумството на манифестацијата и се делат бадникови гранчиња симболот на животот и вечната среќа. Според народните верувања, праведниот Јосиф токму со дабови гранчиња запалил оган за да ги стопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија.
На манифестацијата се послужува традиционална храна, чај, топло вино и греана ракија.