Именувањето на фестивалот е по автентично оро „Паланечка Тројка", кое како такво е регистрирано во ернокореолошките видео записи на американскиот фолклорист Роберт Хенри Либман во 1972 година, на Балканскиот фолклорен фестивал во Охрид. Целта на фестивалот е да ја поттикне и развива љубовта кон фолклорот кон најмладите, како и да ги сочува и негува богатите традиции на локалниот фолклор и мелос и истите да ги презентира во земјата и странство. На фестивалот учествуаат детски фоллклорни групи од земјата и од странство (деца на возраст од 9 до 14 години). Манифестацијата започнува со свечено дефиле низ градот на учесниците- фолклорните групи и ансамбли а надигрувањето е на плоштадот „Карпошово Востание".
Време на одржување - средината на јуни.
Организатор: НУ Центар за култура Крива Паланка.