Детски музички фестивал „Распеано Симитче“

Културната манифестација „Распеано Симитче“ успешно ги промовира најмладите музички таленти во Криво

08 Jun 2020

Културната манифестација „Распеано Симитче“ успешно ги промовира најмладите музички таленти во Кривопаланечко. Голем број на песнички кои биле дел од фестивалот веќе се вистински хитови а за изведувачите тоа се спомените за нивните први музички почетоци. За преслушување на песничките измеѓу фестивалите организаторите издаваат CD. Манифестацијата своите први почетоци ги има пред две децении за успешно да се возобнови пред некоја година. Традиционално се одржува во ноември-декември.

Организатори на манифестацијата се Центар за аудиовизуелни уметности со покровителство на Општина Крива Паланка и соработка на НУ Центар за култура-Крива Паланка.