НОВОГОДИШНИ ПРАЗНУВАЊА

„Новогодишни празнувања" е комплексна културна манифестација што секоја година нуди и разновидна про

23 Jun 2020

„Новогодишни празнувања" е комплексна културна манифестација што секоја година нуди и разновидна програма со квалитетни културни настани во пресрет на новогодишните празници. Реализирањето на оваа популарна манифестација се совпаѓа со новогодишните празнувања кога најголем број кривопаланчани се враќаат во родниот крај и имаат можност да уживаат во богатата културна понуда. Во рамките на манифестацијата досега гостувале: групата ,,Црвена Јабука", Лозано, „Мјузаик", Мартија Станојковиќ, дуото Лина и Гордан и други. Посебен забавен дел им е посветен на најмладите кои се забавуваат со ѕвездичките од „Распеано Симитче".

Манифестацијата се организира под покровителство на општина Крива Паланка а со поддршка на НУ Центар за култура , Градскиот музеј на Крива Паланка и други субјекти од културата и образованието, НВО,КУД.