Фондација „Со срце за Крива Паланка“ организира донаторска акција за изградба на детско игралиште за најмладите во срцето на градот, кај новиот плоштад.
Под мотото "Волонтирај, активирај, донирај - помогни и на Крива Паланка! Упатуваме повик до сите кривопаланчани од државата и ширум светот, до правни субјекти и физички лица, секој што може со донација во рамки на можностите, да донира на име:
Фондација "Со срце за Крива Паланка"
Ж-ка 240350112929691 УНИ БАНКА
Сите уплати ќе бидат јавно и транспарентно објавени, со одобрение од донаторите.
Фондацијата веќе има собрано сума од околу петнаесет илјади денари на средба од истоимената акција "Волонтирај, активирај, донирај", одржана во Скопје, во септември 2019, на која наши кривопаланчани дадоа свој придонес кон идејата да направиме Крива Паланка да биде поубаво место за живеење за сите.
Повикот до сите што сакаат да донираат, да волонтираат или да учествуваат во нашите активности, како и до оние што имаат идеја да спроведат своја активност во рамките на Фондацијата, е секогаш отворен, а заинтересираните можат да не контактираат на:
ФБ страницата Фондација "Со срце за Крива Паланка"
Instagram: FondacijaKrivaPalanka или
официјалниот е-маил: fondacijasosrcekrivapalanka@yahoo.com