СЕЛО ГРАДЕЦ

Релјефот во селото е од варовничко потекло. Земјиштето е брановидно, со камењари и всечени долови

21 Jul 2020

Село Градец се наоѓа на 7 км северно од Крива Паланка во полите на питомите планини. Во централниот дел на селото се наоѓа интересен туристички комплекс кој се состои од старата црква Св.Никола од XIX век со придуржниот ансамбл на конаци, трпезарија и парохиска зграда. Веднаш над црквата се наоѓа старото училиште во селотот кое е адаптирано во сместувачки капацитет и нуди услови за сместување и престој

Дел од комлексот е Испосницата на Св. Јоаким Осоговски која се наоѓа на 1км од црвата, место на кое според преданието се подвигувал нашиот светец Свети Јоаким Осоговски пред да се премерси во месноста Бабин дол каде денес се наоѓа манастирот Св. Јоаким Осоговски. на гости.  

Археолошкиот локалитет „Градиште“ преставува дополнителна содржина на комплексот. Градиштето претставува населба која има моќна вертикална стратиграфија со живот во енеолитот, железното време, доцната антика и средниот век.

Релјефот во селото е од варовничко потекло. Земјиштето е брановидно, со камењари и всечени долови, со проретчени дабови дрвја и мали шумички. Низ селото тече Мала река. Над комлексот се извива врвот Расовец кој се наоѓа на 1.000 метри надморска висина и претставува примамлива планинарска рута.

Местото е пријатно за рекреативни активности, прошетки до познатите места околу контакната зона на туристичкиот коплекс како и до месностите Крст, Пушарски рид, Кула и други.  Во село Градец во месец Септември на  Св. Симеон како и на втор ден Целигден се одржуваа големи селски собори.