Се известуваат граѓаните на општина Крива Паланка, посебно жителите на улица „11-ти Oктомври“ дека се започнати работи на изградба на потпорен ѕид на почетниот дел на улицата, во непосредна близина на „Центар за социјални работи“, а заради проширување на коловозот на самата улица.
Во текот на работите можни се повремени застои во сообраќајот на спојот меѓу улиците „Никола Тесла“ и „11-ти Октомври“ и кај паркингот пред Центар за социјални работи, како и повремени прекини во снабдување со вода на околните објекти поради замена на дотраени водоводни инсталации.
Се молат граѓаните да имаат разбирање за горенаведеното и да ги почитуваат сообраќајните знаци кои се поставени и насоките од Изведувачот на работите.