УНАПРЕДУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ ПРЕКУ ПРОМОЦИЈА, ВОВЕДУВАЊЕ НА НОВИ СОДРЖИНИ И ОПЛЕМЕНУВАЊЕ НА ПОСТОЈНИ ТУРИСТИЧКИ ЛОКАЛИТЕТИ

Проектот се имплементираше преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот раз

26 Jan 2021

Здружението за рурален развој Локална акциона група „Осоговски лисец“ со поддршка на Општина Крива Паланка имплементираше проект со наслов „Унапредување на туристичките потенцијали преку промоција, воведување на нови содржини и оплеменување на постојни туристички локалитети – Туризам плус“.

Проектот се имплементираше преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), по мерка  412 – Воспоставување на ЛАГ и мерка 413 – Реализација на стратегии за локален развој на рурални средини.

Во рамки на проектот поставена е  урбана опрема на територија на општина Крива Паланка и тоа:

  1. Патокази до девет туристички локалитети кои се поставени на 16 локации со вкупно 33 патоказни табли;
  2. Поставување на две инфо-табли на двата влеза во Крива Паланка, и на истите е дизајнирана, изработена и аплицирана соодветна информативна содржина;
  3. Реквизити за детско игралиште и припрема на теренот за истото.Реквизитите се состојат од лизгалка, клацкалка и лулашка и истите се поставени во болничка ливада – населба Скрљава;
  4. Поставување на парковски клупи и канти за отпадоци долж пешачката патека на локалитет Стара вада во Крива Паланка.

Изведувач на работите е БЕЛЕШКОВ-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Крива Паланка, а дизајнот на патоказните табли и туристичките инфо табли е ДППУ ГРБОТВОРЕЦ доел од Крива Паланка.

Вупната вредност за реализација на активностите по мерка 413 се во висина од 293.000,00 денари без ДДВ, а за мерка 412 реализирани се средтва во износ од 72.398,00 денари без ДДВ.